Loading Video...
Свет
18. April 2026 - 16:37

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација пронашла „многу интересни документи“ поврзани со НЛО и дека првите материјали наскоро ќе бидат објавени во јавноста.

Пентагон во извештаи од 2022 и 2024 година навел дека нема докази за присуство на вонземска технологија на Земјата, а најголем дел од пријавените случаи се поврзуваат со погрешно идентификувани објекти или природни појави

Силна песочна бура зафати делови од кинескиот регион Синџанг. Sилен ветер донел голем облак од песок и прашина во двта најголеми градови во областа. Тоа предизвикало намалена видливост и отежнато дишење.  
Локалните власти активирале итни планови за заштита и нормално функционирање на секојдневниот живот и економските активности. Според метеоролозите, главна причина за бурата биле недостигот од врнежи и силните ветрови во изминатите денови.

Повеќе од 300 хуманоидни роботи од над 100 тима ги почнаа последните подготовки во роботската база во Пекинг, пред полумаратонот за хуманоидни роботи што ќе се одржи в недела.

На патеката долга над 21 километар може да се натпреваруваат само роботи со човечки изглед кои се движат на две нозе, а тркала не се дозволени. 

Рутата вклучува урбани делници, поплочени нагорнини и паркови, па роботите не се тестираат само по брзина, туку и по рамнотежа, перцепција, одлуки во движење, траење на батерија и контрола на чекорот.