Преглед на вестите од светот
Иранската официјална новинска агенција ИРНА во неделата соопшти дека земјата одбила да учествува во втората рунда мировни преговори со САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови преговори ќе се одржат во Пакистан во понеделник навечер. Трамп, исто така, рече дека САД понудиле „фер и разумен“ договор и дека ако Иран го отфрли договорот, САД ќе „ги срушат сите електрани и сите мостови во Иран“.
Анимацијата на Marinetraffic ја покажа маршрутата на товарниот брод под иранско знаме, Touska. Трамп, изјави дека американската војска запленила ирански товарен брод кој се обидел да ја премине неговата блокада.
Централната команда на САД соопшти дека американските сили издале повеќекратни предупредувања во период од шест часа, информирајќи го бродот дека ја прекршува американската поморска блокада во близина на Ормутскиот теснец.
Американските сили го оневозможил погонот на Touska испукувајќи неколку куршуми во неговата машинска просторија. Како одмазда за запленувањето на неговиот брод од страна на САД, Иран изврши напади со беспилотни летала врз американски воени бродови, предизвикувајќи повлекување на американските сили
Настаните укажуваат дека мирот можеби нема да дојде наскоро во регионот, а блокадата на морскиот сообраќај што трае неколку недели, повторно ги зголеми глобалните цени на нафтата.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во неделата имаше телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Иранскиот претседател ја цени посветеноста на Пакистан на мировните напори, истакнувајќи дека односите меѓу Иран и Пакистан ќе продолжат да се зајакнуваат во наредните денови.
Најмалку осум лица, вклучувајќи деца, се убиени, а неколку се ранети во масовно пукање во градот Шривпорт, третиот најнаселен град во американската држава Луизијана, додека осомничениот напаѓач, исто така, е мртов, соопшти денеска локалната полиција. Жртвите се на возраст меѓу 18 месеци и 14 години. Две возрасни жени се здобиле со прострелни рани во главата и преживеале, додека едно момче е повредено откако скокнало од покривот. Осомничениот, возрасен маж, и е убиен во полициска потера.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
