Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
Еден пратеник едно државјанство – Парламентот ја почна постапката за носење на измените на законот за пратеници со кој се крати правото на народните избраници да имаат друго државјанство покрај македонското. Текстот е истиот кој ВМРО ДПМНЕ како опозиција го поднесе и во 2021-ва но тогаш не доби поддршка од владејачката СДСМ.
Иако велат дека ваквото решение е популистичко сепак пратениците на СДСМ гласаа „ЗА“. Најавија амандман со кој јасно ќе се предвиди законот да важи и за актуелниот пратенички состав, но најавија и закон со кој ќе се бара едно македонско државјанство да имаат и министрите и премиерот.
На иста линија и од ЛДП, велат не смеат да постојат двојни аршини – законот мора да важо веднаш и за сите избрани и именувани функционери.
Пратениците на ДУИ стиснаа црвено копче, бараат за вакви прашања да се одлучува во Комитетот за односи меѓу заедниците.
Ваквото решение доаѓа откако СДСМ прозва дел од пратениците на мнозинството дека имаат бугарско државјанство. ОД ВМРО ДПМНЕ ги повика пратениците на СДСМ да излезат и тоа тврдење да го изнесат надвор од Собранието, па низ судска постапка да докажуваат дека имаат бугарско државјанство.
Законот ќе се носи по скратена постапка, а по расправата во матичната Комисија за политички ситем ќе се гласа по законското решение.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
