Македонија
26. April 2026 - 16:37

Литија во село Оровник

Голем број верници присуствуваа на свечената литија со моштите и иконата на Светата великомаченичка Недела  во охридското село Оровник.

Овој црковен настан започна од црквата Света Илија од каде продолжи до црквата Света Недела каде верниците се поклонија на светите мошти.

Поклонението пред моштите на Светата великомаченичка Недела,  е можност за духовно воздигнување на верниците.

Градоначалникот на Дебарца Силјаноски  истакна дека овој настана е од огромно значење а Оровник денес е духовното срце за општината  и регионот. 

Овој настан коj за прв пат се организира во Оровник и претставува значаен духовен собир за верниците од регионот се очекува да прерасне во традиција.