Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
Постои разлика помеѓу институциите во поглед на имплементација на процесот на дигитална трансформација. Предводници се Царината, одбраната, Народна банка и дел од фондовите, а за останатите министерството за информатичко општество им ги нуди алатките кои им се на располагање за дигитализација на услугите.
- Потребна е воља на менаџерите на тие институции и на вработените, само да го следат патоказот што ние како министерство го даваме. Ние имаме државен документ менаџмент систем, имаме државна платформа за интероперабилност и национален портал за услуги. Сите овие 3 крупни ресурси им стојат на располагање на сите овие институции, а ние им помагаме да ги развиваме процесите стриктно за нив, изјави Стефан Андоновски, министер за информатичкото општество.
За раководителите на секторите и одделите ќе има посебни сертифицирани обуки за стекнување на дигитални вештини.
- Ние ќе подготвиме дигитална платформа за учење, на која ќе бидат достапни сите ресурси за сите вработени во јавната администрација, што значи секој што е заинтерсиран ќе може да учи од одредена област која го интресира, а е поврзано со неговото секојдневно работење во администрација, додаде Андоновски
Она што е од посебен интерес, е изготвувањето на апликацијата М-услуги, односно, официјална државна мобилна платформа што овозможува граѓаните дигитално да користат јавни услуги на едно место и да чуваат лични документи на телефон.
- Да немаме дуплирање, триплирање со апликации, во соработка со МВР, бидејќи имаше малку застој од нивна страна, се надевам дека ќе го надминат тој проблем, за да ни дадат пристап до досегашните броеви и параметри на личните карти и возачките дозволи, а ние ќе ја работиме заштитата, изјави Андоновски
За некои процедури ќе биде потребни законски измени, а некои ќе можат да се имплементираат според постоечката законска легислатива.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
