Македонија
4. May 2026 - 12:21
Локалната промоција клучна за повеќе туристи
Промоцијата на локалната туристичка понуда е клучен фактор за привлекување повеќе туристи и развој на локалната економија. Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека Охрид има квалитетна и автентична понуда која може да задоволи сечии желби.
Она што туристите го бараат се посета на културно историски и споменици ,крстарењата со бродови по охридското езеро и прошетки во природа.
Инаку добрата исполнетост за продолжениот првомајски викенд на хотелите и приватното сместување ветува успешна летна сезона, велат туристичките работници.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
