Македонија
15. May 2026 - 16:31

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи

За 10 години за 30 проценти е намален бројот на новороденчиња. Ако во 2014 имало над 23 000 раѓања во земјата, лани таа бројка беше нешто повеќе од 15 000. Наталитетот е во драматичен минус и освен итни мерки за демографски развој, гинеколозите апелираат и за поголема грижа за женското здравје.

-Тоа за нас треба да претставува еден аларм, не само бројка не само статистику, што ќе не наведе да имаме поголема грижа кон жените и целосна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје, изјави проф. д-р Елена Џикова, член на МАГО.

Кога се зборува за женското здравје гинеколозите апелираат за честа посета на лекар за редовни контроли а не кога ќе имаат болка или крварење. Од друга страна во дијагнозата на малигните заболувања се уште проблем се административните процедури и термини поради кои пациентите чекаат долго до добивање на сите резултати.

-Во секојдневната клиничка пракса како доктори постојано се среќаваме со разни потреби на жените кои доаѓаат предоцна не затоа што немале симптоми туку затоа што немало храброст или навика навреме да отидат на преглед, изјави спец. Д-р Илир Шурлани член на МАГО.

-Ние цело време пробуваме да излобираме да патот на жените при дијагнозата за било кој карцином биде п оедна забрзана трака, пристапот за било која состојба биде многу полесен за да стигнат до соодветен специјалист или супспецијалист, изјави проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на МАГО.

Петта година по ред Македонската асоцијација на гинеколози и опстретичари ја организира Неделата на женско здравје, каде освен новини во пристап и лекување зборуваат и за подигнување на свесноста кај жените кон сопственото здравје – редовни контроли и превенирање на болестите.