ФК Шкендија се правда: Не ги одбивме медалите, фудбалерите поради бучава не го слушнаа повикот на официјалниот спикер

Соочени со потенцијална казна од Фудбалската федерација на Македонија, раководството на Шкендија излезе со соопштение со кое ја објаснува ситуацијата по синоќешното финале од националниот куп.
Имено, фудбалерите на Шкендија не се упатија да ги примат сребрените медали намените за поразениот, откако загубија од Силекс со 1:0 на мечот одигран на „Тодор Проески“ во Скопје.
Во соопштението на Шкендија стои:
-Ја прифаќаме одговорноста за разочарувањето предизвикано кај нашите навивачи со поразот во финалето на Купот на Македонија. Преку оваа комуникација сакаме да го разјасниме јавното мислење во врска со ситуацијата создадена по финалето и церемонијата на доделување на медалите. По завршувањето на натпреварот, нашите играчи се упатија кон навивачите за да им се заблагодарат за нивната поддршка во текот на 90-те минути и во исто време да се извинат за разочарувањето што беше предизвикано од денешниот пораз. Секако, по епилогот од финалето, навивачите со право беа разочарани, па престојот во близина на трибините траеше подолго од очекуваното. Играчите останаа во близина на трибините неколку минути, комуницирајќи со навивачите и не сакајќи несоодветно да го напуштат тој дел од стадионот. Поради емоциите, бучавата на стадионот и ситуацијата создадена во тој момент, играчите не го слушнаа повикот за церемонијата на доделување медали. Клубот побара дополнително време од организаторите за да може тимот да ја смири ситуацијата и да се врати на теренот за официјалната церемонија. Потоа играчите се вратија на теренот, додека во тој момент беше во тек церемонијата на доделување медали за играчите на Силекс. Некои од нашите играчи се упатија кон соблекувалната за да облечат дресови или спортска опрема, бидејќи некои од нив останаа без дресови, донирајќи им ги на навивачите веднаш по натпреварот. Сакаме да нагласиме дека во ниту еден момент КФ Шкендија не одби да ги прифати медалите, ниту пак имаше намера да го навреди организаторот или противничкиот тим. Доказ за ова е фактот што претставници на нашиот тим, меѓу кои Бесарт Ибраими, Арбин Зејнулаин и Мевлан Мурати, комуницираа со организаторите и воедно им честитаа на играчите на Силекс за триумфот во финалето. Целата ситуација беше резултат на недоразбирање и техничка грешка во емотивните моменти по натпреварот, а не намерна одлука или акција од страна на клубот или нашите играчи.
Останува да се види каква ќе биде реакцијата на ФФМ. Шкендија се соочува и со санкција поради исвиркување на македонската химна од страна на нејзините навивачи.
МИА
Ново на Сител
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
-

Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години
-

Кајли Миног за борбата со ракот: Траумата сè уште ме прогонува
-

Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ
-

ФК Шкендија се правда: Не ги одбивме медалите, фудбалерите поради бучава не го слушнаа повикот на официјалниот спикер
-

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авио линии во најголемат авиокриза
