Loading Video...
Свет
29. May 2026 - 16:25

Преглед на вестите од светот

Две лица се повредени откако руски дрон од типот Геран 2  удри во станбена  зграда во градот Галац во Романија,членка на НАТО и ЕУ. Инцидентот се случил за време на синокешниот напад на Русија  врз Украина. Галац се наоѓа во близина на границите со Молдавија и Украина.  Романските власти соопштија дека по ударот, избувнал пожар. 70 жители биле евакуирани од објектот.  

- Сите се исплашивме. Јас, на пример, бев во куќата, живеам зад станбената зграда, ова се случи во 2 часот наутро, и се исплашивме, апсолутно сите, мајка ми, семејството, децата со овој дрон. Можевме да умреме. Се плашам, што да кажам, немам зборови.

Дали сè уште имаме безбедност? Веќе не, нели?  Пред да падне во градот, во самиот центар на Галац, што направи војската, што направи одбраната? Дефинитивно повеќе не сме безбедни во Галац.“

Романскиот претседател Никушор Дор  изјави дека не постоеле услови дронот да биде уништен  без дополнително загрозување на безбедноста на цивилите. Го опиша инцидентот како „најсериозен“ што ја погодил романската територија откако  почна војната  помеѓу Русија и Украина во 2022 година и побара од НАТО забрзување на испораката на системи за заштита од дронови.  Русија засега не го коментираше инцидентот. Од НАТО порачаа дека  неодговорното однесување на Русија претставува опасност  за сите и дека продолжува да се работи на зајакнување на одбраната на змејите членки. Претседателката на Европскаата комисија Урсула фон дер Лајен, рече  дека „руската агресивна војна премина уште една црвена  линија и најави нови сакнциии за русија.  Реакција стигна и од македонското министерство  за надворешни работи. 

- Руската агресорска војна против Украина продолжува да претставува ризик и надвор од границите на Украина, и ја загрозува регионалната безбедност. Стоиме во целосна солидарност со нашиот сојузник Романија и им посакуваме брзо закрепнување на повредените. Заедно со нашите сојузници, остануваме посветени на зачувувањето на мирот, безбедноста и стабилноста ширум алијансата“, се наведува во реакцијата на  МНР.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху изјави дека и дал наредба на израелската војска да ја преземе контролата врз 70 проценти од Појасот Газа, игнорирајќи го прекинот на огнот .Според октомвриското примирје, посредувано од САД, кое не успеа да ги запре израелските напади или да обезбеди разоружување на Хамас, израелските трупи требаше да се повлечат до „Жолтата линија“ што го означува обемот на нивната контрола. . Со тој договор, Израел контролираше околу 53 проценти од Газа додека остатокот беше под власт на Хамас. Оттогаш израелските сили напредуваа.

- Моментално го притискаме Хамас, сега контролираме 60 прценти од териоријата на Појасот, го знаете ова. Бевме на 50, се префрливме на 60. Мојата дректива е да се префрлам на...Ајде да одием чекор по чекор. Прво,70 проценти. Да почнеме со тоа. Вршиме притисок врз нив од сите страни; ќе се справиме со остатоците, изјави Бенјамин Нетањаху. 

Австриецот со потекло од Македонија, кој призна дека планирал и подготвувал напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена во август 2024 година е осуден на 15 години затвор. Само би сакал да кажам дека ми е жал изјавил 21 годишникот пред австриксиот суд. Бернан беше уапсен ден пред првиот концерт по дојава од ЦИА.