ЦЈЗ Скопје не најде доказ за труење со храна на ученици од кујната во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”
Скопскиот центар за јавно здравје не нашол потврда за труење со храна на ученици и наставници од кујната во Невена Георгиева Дуња во Кисела Вода. Нивна екипа вчера иако била во училиштето, не земале брисеви од работни површини бидејќи сите пријавени со симптоми јаделе од различни угостителски објекти.
- Хигиената според увидот е на задоволително ниво, дадени се насоки да се засили хигиената, но со сигурност не може да знаеме од каде е причинителот. Ќе бидеме во контакт, ќе видиме дали ќе има и други случаи и дали ќе има некакви резултати дали е направнео нешто кај заболените да се види кој е причинителот, изјави Д-р Љуљета Имери, епидемиолог во Центар за јавно здравје Скопје.
Во скопскиот центар за јавно здравје официјално има само 5 пријави од кои тројца се ученици, додека, пак, викендот на клиниката за детски болести помош побарале 15 деца и петмина на Инфективна. Имале симптоми на гадење, повраќање и чести дијареи.
- Според директорката, кажано е дека биле и во Сарај два дена претходно, шетале, испотени децата, биле во групи мешани и со други лица, вели Д-р Љуљета Имери
Нема нови пријавени со стомачни тегоби а испитувањето на водата во саботата покажа дека е целосно безбедна.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
