Преглед на вестите од светот
Едно лице е убиено во иранскиот напад врз Кувајт утрово, објави кувајтското Министерство за надворешни работи. Во соопштение на платформата X, министерството остро ги осуди континуираните напади на Иран со балистички ракети и беспилотни летала врз Кувајт, насочени кон цивилни и витални објекти, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во Кувајт. Иранската револуционерна гарда тврди дека во Кувајт нападнале американска воена база. Ракети испалиле и кон седиштетот на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин. Иранските напади уследија по акцијата на американските сили во близина на иранскиот остров Харг.
Американската централан команда објави дека нападнале танкер за нафта кој се обидувал да ја прбие американската поморска блокада и да вплови во иранско пристаниште. Бродто бил онеспособен со ракетен удар. Со блокадата иранските пристаништа, Трамп врши притисок врз Техеран да преговара за мировен договор според неговите услови. По иранските наапди врз Кувајт и Бахреин , амерканскат војска нападна воен напад на Иран на островот Кешм во Ормутскиот теснец. Иранските медиуми обајвија дека Техеран ги прекинал индиректните преговорите со Вашингтотн пред неколку дена поради акциите на Израел во Либан но американската страна демантира.
-
Сега сме во преговори и велам разговори бидејќи разговорите со Иран не се како разговорите со Швајцарија, во ред. Тие се многу различни. За жал, тие бараат користење на посредници. Но, сепак, пред нас е перспектива што може да се случи денес. Може да се случи утре, може да се случи следната недела. Дека за прв пат, секако во мое сеќавање, тие се согласија да преговараат за аспекти од нивната нуклеарна програма за кои само пред еден месец, само пред една година, одбиваа дури и да ги споменат, а камоли да влезат во дискусии, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.
Украина го нападна Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија и родното место на Путин. Таргетирани нафтен терминал и поморска база , при што неколку лица се повредени иформриаа тамошните власти. Нападот се случи утрово, на денот на отворањето на 29 тиот мегународен економски форум во Санкт Петербуг на кој ќе присуствуваат околу 20.000 бизнисмени, политичари и јавни личности од повеќе од 100 земји. Шефот на Кремљ Путин треба да се обрати на собирот во петок.
Со нападот го засрамивме Путин и покажавме колку се ранливи големите градови во Русија порача шефот на украинската држава Зеленски. Портпаролот на Кремњ, Песков, порача дека набрзо ке стигне руската одмазда .
Украина вчера се соочи со масовни руски ракетни напади врз Киев и Днипро, при што загинаа 23 лица. Разговорите со посредство на САД за војната во Украина се заглавени, а Вашингтон се фокусира на Иран, додека руските напредувања на бојното поле се забавија оваа година, а Киев ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
