Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
Триесетина лица со години не оделе на работа во Институтот за јавно здравје, а на колеги кои ги евидентирале им плаќале по 200 евра. Неколкумина кои не биле вработени во ИЈЗ имале картички од институцијата и си точеле бензин за лични потреби. Архиварка имала плата од 100 000 денари бидејќи и се прсметувала и припарност иако не е во таа категорија а други вработени земале од 44 000 до 88 000 денари плус на плата за на пример чистење на дворот. По веќе објавениот ревизорски извештај за работењето на Институтот во 2024 година, денеска директорката со дополнителни податоци каква состојба затекнала кога пред две години ја преземала функцијата.
- Ќе бидам побрутално искрена, одев по канцеларија и ги прашував – вие што работите, како може да помогнам ..тој молчи, - велам добро што ви е работното место, денеака што работевте...тоа вика па знаете не доаѓав на работа, вели Марија Андоновска, директор на Институт за јавно здравје
Андоновска кажа дека претходното раководство набавувало опрема што веќе ја имало, кабел долг 15 километри з акој биле платени 15 000 евра но нигде го нема, како и издавање на простор на Институтот на бурекџилница. Како посериозен прекшок со кој биле доведени во прашање и здравствените услуги што ги примале граѓаните е што фармацевтски техничар вршел услуги како лаборант.
- Имало награди од 400 – 500 евра месечно за домаќинско работење, цитирам домаќинско работење или инзвонредна успешност. Се збори за домаќинско работење а јас понедомаќинск оработење не сум видела, вели Андоновска.
Целата таа документација со бројните пропусти и неправилности уште пред една година ја доставиле до секторот за криминалистика во МВР а очекуваат да реагира и обвинителството, од каде пак, велат дека ако ревизорскиот извештај биде доставен ќе ги проверат наводите.
Поранешниот директор Шабан Мемеди ги отфрла обвинувањата на денешниот прес и праша – колку нововработени има по доаѓањето на директорката и како ја добиле позицијата.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
