Македонија
4. јуни 2026 - 16:28

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии

Вработен во Академијата за судии и јавни обвинители добил средства за прекувремена работа за период кога му биле исплатени дневници за службено патување во странство. Никој не водел сметка кој и за какви намени ги користел службените картички за гориво а се делеле и пари за седници без присуство.

Државниот завод за ревизија со низа пропусти во финансиското и организациското работење на Академијата содржани во конечниот ревизорски извештај за 2024.

сплатите на надоместоци на членовите на Управниот одбор и на Програмскиот совет се вршат месечно и во целост, а не пропорционално од присуство на седница за месеци кога е одржана седница; - законски утврдениот рок за завршување на втората фаза од почетната обука за 8 - мата генерација на слушатели за судии и јавни обвинители, е надминат за 3 месеци, што довело до исплата на дополнителни финансиски средства за ментори и координатори; - дел од договорите со менторите за изведување на практична настава се склучени по изминување на периодот на менторство, пишува во делот на клучни утврдени состојби.

Во дел од тендерските постапки биле утврдени критериуми кои не биле директно поврзани со предметот на набавката, а во одредени случаи биле набавувани стоки и услуги без спроведување соодветна постапка за јавна набавка.

Писмени забелешки на извештајот дала поранешната директорка на Академијата, според која дел од утврдените состојби биле резултат на објективни околности и спроведување на поверќе генерации на слушатели. Но Државниот завод за ревизија останал на своите препораки за подобрување на системот на контроли и управување со институцијата.