Македонија
5. јуни 2026 - 12:16
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
Премиерот Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија - Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора.
Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro", каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- конференција. Премиерот синоќа за имаше и средба со Денис Бечировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина.
-->
-->
