Македонија
8. јуни 2026 - 12:10

Идните наставници со зелена мисија

Студентите од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беа во фокусот на проектот Akuo EduLab. Преку серија обуки, работилници и практични активности, тие стекнаа знаења и вештини поврзани со одржливиот развој, обновливите извори на енергија и климатските промени.

-На студентите да им пренесеме компетенции кои не се важни за иднината, туку за сегашноста. Биодиверзитетот, еколошките проблеми се проблеми на денешницата, а не на утрешницата, изјави Трајче Стојанов, декан на ФОН, УГД- Штип.

Од компанијата Akuo нагласија дека нивната цел е создавање врска со локалната заедница преку младите луѓе.

-Фокусот ни беше откако ќе ги обучиме студентите, тие понатаму да ги обучуваат учениците во основните училишта. Значи самиот проект се состоеше од 2 чекори, таков беше пристапот, изјави Александра Сомбстај, извршен потпретседател за односи со јавноста, Акуо.

Професорки од ФОН работеа на развој на едукативни модули за студентите од насоките педагогија и одделенска настава, како идните наставници да изградат зелени компетенции и да научат како темите за одржлив развој да ги интегрираат во наставата.

-Како сите тие знаења да ги вградат во другите настаавни предмети, заради тоа што, за жал, во образовниот систем во Р. Македонија во деветгодишното основно обфазование, средното, па и во виското, еколошкото образование и воспитание, како и образованието за одржлив развој не е застапено како задолжителен наставен предмет, изјави Снежана Ставрева Веселиновска, професорка на ФОН, УГД-Штип.

Презентирани резултатите од проектот, искуствата на студентите и наставниците, се можност моделот на Akuo EduLab да се примени и во други образовни средини во државата.