Македонија
30. March 2016 - 16:15

Медијаторот Нимиц очекува по изборите реактивирање на напорите за решавање на спорот за името

Бегалската криза, проблемите со тероризмот и состојбата на граничната линија создаваат ситуација на неопходност за решавање на спорот со името оценува во интервју за емисјата Приказни на грчката Скај ТВ посредникот Метју Нимиц.

Во телефонското интервју, Нимиц посочува дека преговоарачкиуот процес во моментов е неактивен, но според него по изборите во јуни, двете страни треба да ги реактивираат напорите и да изнајдат решение.

Запрашан за јавните позиции на властите, Нимиц посочува дека изјавите за во јавност ги има веќе дваесет години и ќе ги има во иднина, тој посочува дека вистинскиот тест за позициите може да случи само кога двете страни на иста маса со серизони преговори ќе се обидат да го решат проблемот. Тој одговори дека советот за безбедност на ОН не може никому да му забрани во билатералните односи да го користи уставното име на Македонија.

Во емисијата која доцна синоќа беше емитувана на телевизјата Скај покрај интервјуто со медијаторот Нимиц, беше прикажан и историскиот поглед кон спорот со името, документрен дел во кој зборуваат креаторите на проблемот и децениски противници во надминувањето на разликите.