Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
Миризливи сапуни од отпадно угостителско масло, бесшумни соларни уреди против мувла и аерозагадување, како и дигитални системи за наводнување во услови на суша. Ова се дел од социјалните иновации кои средношколците сами ги развија и ги тестираа во своите училишта.
Младите иноватори потенцираат дека нивните решенија произлегуваат директно од секојдневните, реални проблеми. Дизајнирани се веднаш да најдат практична примена, отворајќи пат за социјални бизниси кои истовремено ја штитат природата и и служат на заедницата.
Проектите се развиени преку UPSHIFT програмата за социјални иновации на здружението ЛЕАД, која досега има опфатено дури 90 отсто од средните училишта во земјава. Во партнерство со УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието, од претстојниот септември ,,Социјални иновации,, треба да стане нов изборен предмет во гимназиското образование на ниво на целата држава.
Програмата има за цел да ги поттикне младите активно да идентификуваат локални еколошки предизвици, но и да им даде вештини потоа да развијат сопствени социјални бизниси преку кои ќе се самовработат. Проекот доби поддршка и од општините во кои се реализира.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
