Преглед на вестите од светот
Поголемиот дел од територијата на Украина беше под предупредувања за воздушен напад во раните утрински часови утрово, а украинските беспилотни летала беа одбиени над Русија додека двете земји продолжуваа да разменуваат напади.
Во Киев, четири лица беа убиени, а манастирот Печерска Лавра, обележје на украинската духовна и културна историја, се запали за време на нападите. Комплексот е основан во 1051 година.
Петмина припадници на службите за итни случаи беа убиени, а најмалку пет други беа повредени во понеделник кога руски напад погоди зграда во Харков. Новите напади дојдоа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и разговарал за напорите за постигнување крај на повеќе од четиригодишниот конфликт, пред состанокот на Г7 во Франција оваа недела.
Плажата Куги во Сиднеј денеска повторно беше отворена под будното око на спасувачите и надзорот со беспилотни летала, откако ајкула во саботата наутро напдна 35-годишна жена која пливала на околу 30 метри од брегот. Таа е во болница во стабилна состојба. Жената била касната од ајкула долга три до четири метри, здобивајќи се со сериозни повреди на рацете и долниот дел од левата нога. Некои локални жители се двоумеа дали да се вратат во водата.
Куги е симбол на крајбрежниот животен стил во Сиднеј. Плажите, кои се наоѓаат источно од градот, се познати по своите златни песоци и привлекуваат милиони туристи од целиот свет секоја година, што ја прави безбедноста на водата приоритет од висок ризик за властите.
Иранската фудбалска репрезентација го напушти кампот во Тихуана, Мексико и бурно поздравени од нивните навивачи во пресрет на нивниот прв натпревар на Светското првенство против Нов Зеланд во Лос Анџелес. Иран го премести својот камп за Светското првенство од спортски комплекс во Аризона во Мексико кон крајот на минатиот месец, откако САД и Израел спроведоа заеднички напади врз Иран кон крајот на февруари. Ова е првото Светско првенство од неговото основање во 1930 година, на кое земјата домаќин ќе ја прими земјата со која е во војна, односно сега во очекување на потпишување на мировен договор.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
