Македонија
30. јуни 2026 - 16:35

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес

Алармантно во Велес. Густиот црн чад кој се гледаше од целиот град ги вознемири велешани. Официјално, гори сува трева и ѓубре.

Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување подготвиле два воздухоплови кои треба да помогнат во гаснењето, но за нивно полетување ќе се чекаат подобри услови.

Меѓу седумте регистрирани пожари денеска – повторно депонијата кај Визбегово/Шуто Оризари. Оваа точка гореше и вчера попладнето. Изутрината повторно гореа сува трева и отпад во близина на неколку куќи кои се наоѓаат на територијата на Шуто Оризари.

Визбегово – Шуто Оризари и годинава е критична точка за скопските пожарникари кои во минатите денови беа принудени да интервенираат неколку пати.

Надлежните регистрираа пожари на отворени и во Старо Нагоричане, Дојран, Долнени и Битола.

Само лани шумските пожари направија штети од околу 50 милиони евра. Македонија во последните 7-8 години се почесто се соочува со пожари на отворено во летниот период.