Македонија
1. July 2026 - 12:19
Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
Македонската армија е модерна сигурна и целосно компактабилна со НАТО стандардите, ова е заедничката оцена по денешната посета на Врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа.
Покрај високите оценки за пешадијата и специјалните единици, воениот врв ги прецизираше и следните чекори во модернизацијата, каде што покрај возилата Страјкери деновиве пристигна и првата пратка од француските ПВО системи Мистрал3.
Генералот на НАТО порача дека во услови на глобални предизвици, кохезијата останува најсилното оружје на Алијансата.
-->
-->
