Град Скопје: Водата е безбедна
Скриншотови и информации за наводно небезбедна вода за пиење масовно се ширea низ групи, особено меѓу родители чии деца се во градинки и во основно училиште. Граѓаните реагираат, а од Градот категорично велат – водата во Скопје безбедна за пиење.
Првиот човек на Град Скопје обвини дека станува збор за оркестриран напад од опозицијата и дека сите анализи покажале дека водата е безбедна за пиење.
И надлежните од Водовод велат дека во ниту една анализа не е утврдено присуство на ешеријија коли или каква било друга бактерија.
Од Министерство за здравство велат дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје.
Градоначалникот вели дека сите што ширеле паника на социјалните мрежи ќе одговараат.
Од Министерството за внатрешни работи велат Секторот за компјутерски криминал преземаАТ соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите ќе бидат повикани на информативен разговор, соопштија од МВР.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
