ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево.
ЈПДП соопшти дека градежните активности течат забрзано и со темпо кое е приспособено на летниот период кога сообраќајот се одвива со намален интензитет, со цел да се минимизира застојот и влијанието врз учесниците во сообраќајот.

Се санира горниот строј на мостот, при што ќе се изврши отстранување на постојните дилатациски фуги, сливници, асфалт, ограда и тротоари. Потоа ќе се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, асфалтирање, како и изградба на нови тротоари и поставување на нова ограда.
Градежните работи ги изведува Друштвото за градежништво и проектирање „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, село Бразда, додека надзорот го врши Друштвото за управување со проекти „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Средствата за санацијата се обезбедени од буџетот на ЈПДП, во износ од 4.619.800 денари без ДДВ.
Рокот за изведба на работите е во согласност со Договорот, а во консултација со изведувачот, завршувањето се очекува на почетокот на септември.
- Јавното претпријатие за државни патишта, се грижи за безбедноста и одржувањето на повеќе од 1100 мостови на државните патишта на целата територија на државата. Следејќи ја состојбата на мостовите, повремено се создава потреба од одржување на горниот строј на мостовите, односно потреба од нивна промена заради пропаѓање на најлесно расипливите делови - дилатации, асфалт и другите негови елементи со цел зајакнување на нивната безбедност и сигурност на учесниците во сообраќајот, информира Јавното претпријатие за државни патишта.
За време на изведувањето на работите, сообраќајот ќе се регулира со поставување светлосна сигнализација, при што возилата ќе се движат наизменично во една сообраќајна лента.
МИА
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
