Македонија
13. August 2026 - 16:37

Еден месец не работи ПЕТ скенерот неопходен за следење на болните од рак – Не се знае кога ќе почнат снимањата

Еден месец не се прават снимања на единствениот ПЕТ скенер во јавното здравство, апарат кој е неопходен за следење на болните од рак. 

Во меѓувреме се зголемува и онака долгата листа на пациенти кои чекаат за да им се одреди стадиумот на болеста или да се види дали има ефект терапијата која ја примаат. Ваквите испитувања во приватни болници чини околу 1300 евра. 

Од установата велат дека сервисерот проблемот го лоцирал во циклотронот кој поради недостиг на масло не може да произведува радизотопи кои се користат за снимањата. Посочуваат дека дефетот настанал бидејќи изминатите години не бил следен протоколот за соодветно одржување на дифузионата пумпа и замена на маслото на секои 5 години. 

- Кога ќе профункционира Пет скенот не се знае, бидејќи конкретен датум од овластениот сервисер кога треба да стигне специфичното масло за да проработи циклотронот.

Процедурата за набавка била подолга зошто ваквиот дериват се користел во воената индустрија и посебни документи за да се транспортира во земјава, појаснуваат од ПЕТ Центарот.

- Клиниката за онкологија и радиотерапија и Клиниката за хематологија се информирани за понатамошна тријажа на пациентите преку други достапни дијагностички модалитети, со цел лекувањето на пациентите со итна потреба да не трпи прекин. По отстранувањето на дефектот, УИ ПЕТ ќе продолжи да работи во две смени и викенди со цел најбрзо да се намали листата на чекање и да се надомести настанатото доцнење за пациентите,  велат од установата.

Инаку дневно кога работеше овој апарат се снимаат по околу 14 пациенти.