Македонија
15. August 2026 - 16:38

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски

Изјавата на српскиот претседател Вучиќ, дека Српската црква е иста со таа во Скопје, за македонскиот премиер Мицкоски е комуникација која не прилега на времето во кое живееме.. Ваквата реакција следи откако Претседателот на Србија за време на одбележување на годишнина од акцијата „Олуја“, рече дека, една е српската црква и таа била иста во Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт.. Според Мицкоски, пак, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, е темел на македонскиот идентите..

Сличен став изрази и Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА кој потсети дека ја остварува својата мисија искклучиво на својата канонска територија.. Но, експертската јавност предупредува дека зад ваквите изјави од Белград, има подлабоки имотни и канонски дилеми засновани врз томосот за афтокеалност издаден од Српската црква..

Новинарот и аналитичар, Бранко Ѓоргевски,  посочува дека во томосот од СПЦ, е наведено дека манастирите и светилиштата во Македонија, се даваат на користење на македонската црква, додека имотот, формално е во рамки на Српската православна црква..

Изјавите од српска страна, според Ѓоргевски укажуваат дека за СПЦ, односот со МПЦ не е однос меѓу две целосно независни цркви, а тоа, често се користи за оспорување на црковниот суверенитет на Македонија..

Пред четири години македонската црква доби томос за афтокефалност од српската црква со што се надмина спорот со Белград кој траеше повеќе од половина век.. Во меѓувреме се уште се чека томосот од Вселенската патријаршија за целосна независност на МПЦ-ОА..