Македонија
15. August 2026 - 16:39

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари

Приватна посета со средби во Брисел но не за евроинтеграциите туку за влез на нови инвестиции .Премиерот се врати од 7дневното отсуство и одговри на барањата од опиозицијата да каже што договарал и преговарал во Европската престолнина. Мицкоски соопшти дека при посетата на Брисел имал неколку средби но не со политичари туку со инвеститори чии инвестиции се во завршна фаза и за деталите јавноста ќе биде запознаена наесен. 

Освен три дена во Брисел, премиерот со семејството искористил уште неколку дена одмор во Бриж каде се запознавале со историјата и културата на Белгија. 

Опозицијата тврди дека е недозволиво без знаење на МНР премиер на држава да оди во посета на Брисел и обвинија дека е недозволиво да се прават неофицијални разговори за европската иднина на Македонија со своето семејство и без знаење и учество на дипломатијата. 

- „Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани?Одговорот е еден и јасен: Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост. Тој одлучува сам.Тој преговара сам.Додека Тимчо Муцунски зборува за разговори „под радарот“, Мицкоски тие разговори ги води лично, во семеен аранжман, далеку од очите на јавноста и институциите.Ова не е државничка одговорност. Ова е приватизација на државата.“