Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
Резултатите за водата во Гостивар треба да ги објави гостиварски Комуналец и општината, а Министерството за здравство ќе го објави епидемиолошките резултати, колку точно имало заболени како последица од епидемијата во Гостивар, нивните симптоми, кој и како постапил во справувањето со кризата.
Откако во петокот се тргна забраната за водата во Гостивар и надлежните соопштија дека е безбедна да се пие, од опозициската СДСМ секојдневно инсистираат да не се кријат резултатите и јавно да се објават анализите дека водата е чиста.
Од ВМРО-ДПМНЕ им возвратија и денеска на СДСМ дека само шират страв, паника и деизнформации. Кога завршила кризата со водата во Гостивар, ширеле лаги дека и водата во Скопје е небезбедна за пиење.
„Во Гостивар надлежните институции за неполн месец целосно, како никогаш до сега, го исчистија градскиот водоводен систем и по сите потребни направени испитувања, се потврди дека водата е безбедна за пиење. Гостиварци веќе имаат безбедна питка вода, а СДС, наместо да ги прифати фактите, со своите настапи продолжува да создава сомнеж кај граѓаните“.
За водата во Скопје, министерот за здравство уверува дека е чиста, бидејќи во спротивно инфективната клиника ќе била полна со пациенти, а директорот немало да седи со него на прес конференција.
