Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
Македонската армија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност, и војничка дисциплина, порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид.
Осврнувајќи се на актуелните безбедносни предизвици, претседателката нагласи дека актуелниот конфликтен меѓународен амбиент во којшто ги градиме безбедноста и одбраната, се одвива со непредвидлива динамика што ги менува досегашните перцепции за разбирањето на феноменот „закана“ и начинот на којшто може и треба да се одговори на истата.
Министерот за одбрана Мисајловски најави дека буџетот во контиунуитет расте а инвестициите кои се опфатени за проекти и активности поврзани со одбраната се постојани. Најави и ново законско решение за професионалните војници кои наполниле 45 години, како и зголемување на платите од следната година.
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, истакна дека Армијата денес се наоѓа во најинтензивниот процес на опремување и модернизација од нејзиното формирање.
На свеченоста беа доделени одликувања и признанија на армиски единици, институции и припадници на Армијата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
