Македонија
28. August 2026 - 16:34

28 август - Ден на рударите

28 август или Денот на рударите, ден посветен на работниците кои секојдневно, често под исклучително тешки и ризични услови, го вложуваат својот труд во рудниците ширум земјата. Рударството има значајно место во македонската економија и претставува важен столб за развојот на Македонска Каменица и Пробиштип. Работата на рударот бара знаење, искуство, дисциплина и, пред сè, голема храброст.

- Зад секој развој, зад секој упех стои човечкиот труд, а токму човечкиот труд е најголемата сила на Пробиштип, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

Денот на рударите е можност да им се оддаде признание на сите оние кои со својот труд придонесуваат за енергетската и економската стабилност на земјата. Но, овој ден е и потсетник дека иднината на рударството мора да се гради со современа технологија, подобри услови за работа, поголема безбедност и со почитување на човекот и природата.

- Ќе инвестираме во она што е потребно денес, но истовремено ќе го подготвуваме она што ќе му биде потребно на Пробиштип утре. Ние не го градиме Пробиштип само за нас, го градиме за нашите деца, за нашите внуци, за генарациите што доаѓаат. Затоа ни е потребна заедничка визија, енергија и поддршка, додаде Тоневски

За рударите, 28 август не е само празник. Тоа е ден кога се слави професијата, се почитува трудот и се оддава признание на оние кои својата работа ја извршуваат далеку од светлината на денот, но со големо значење за сите нас.