Македонија
30. August 2026 - 16:29

Штип останува без вода

Поради силното невреме кое го зафати Пробиштипскиот регион, ХС „Злетовица“ има потешкотии во работењето и снабдувањето со сурова вода на сите опшрини кои ја користат, Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци.

Штипската филтер станицата ја прекина преработката на вода поради екстремна матност. Тоа значи дека градот Штип остана без вода за пиење и не може со сигурност да се каже кога состојбата ќе се нормализира.