Општина Струмица набавува пет нови возила за модернизација на ЈПКД Комуналец
Општина Струмица започнува со модернизација и обнова на застарениот возен парк во Јавното комунално претпријатие Комуналец со што треба да придонесе за надминување на долгогодишните проблеми со честите дефекти и нефункционалната механизација.
Според најавите на градоначалникот Петар Јанков, до крајот на оваа година треба да пристигнат пет нови возила, со што значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената и комуналните услуги во градот и населените места.
Првото возило се очекува да биде испорачано до крајот на овој месец , а истото се набавува преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион по пат на кофинансирање со општината.
Дел од новите возила се наменети за собирање смет, додека останатиот дел од набавката опфаќа друга механизација неопходна за секојдневните активности на претпријатието.
Две од петте возила, односно електрично возило за метење и мултифункционална цистерна за миење на улиците општина Струмица ги добива од владата.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
