Македонија
12. September 2026 - 18:24

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта. Според последните податоци на картата издадена од МАНУ во  далечната 95-96 година во охридско -струшкиот регион има 200 регистрирани локалитети додека ширум земјата преку 5 илјади но со новите истражувања бројката е далеку поголема.

Со дигитализацијата културното наследство ќе биде подостапно и поблиску до посетителите.

Археолозите сметаат дека само организирано системски може да се промовираат локалитетите и нашето богато културно и историско наследство.

По истражувањата на наколната населба Пенелопа во Охрид археолозите најавуваат следен проект археолошко истражување на архајската некропола од 6 век пред нашата ера во струшко Корошишта.