Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, очекува да се изнајде начин за излез од пат позицијата во која се наоѓа законодавниот дом поради обезбедувањето на Бадентеровото мнозинство. Откако опозициската ДУИ реши да го блокира процесот, под прашалник е судбината на десетината закони кои треба да се најдат на следната пленарна седница, а за кои е неопходен бадентер.
Гаши се надева на компромисно решение за конечно да профункционира Собранието, бидејќи доколку ДУИ остане на своите позиции и законите не се донесат со нивна поддршка, истите нема да можат да се стават на пленарна седница во следните три месеци.
Меѓу законите кои треба да се донесат по скратена постапка се, предлог закон за изменување на инспекторат за употреба на јазиците, закон за права на заедниците кои се помалку од 20%, за просветна инспекција, за педагошка служба.
Нема нови најави ниту за носењето на Изборниот законик, кој е дел од рефорската агенда. Оваа недела се очекува секоја партија да има внатрепартиски разговори, по што би се знаело дали може да се одблокира овој предлог закон.
Доколку евентуално се реши да се отвори Уставот за да се внесат Бугарите, дали во истиот пакет ќе влезе и промената на дефиницијата за јазикот што го зборува 20% од населението, Гаши вели дека за ова мора прво да се дојде до заеднички став со Владата. Тој порачува дека нема да биде лесен процес, но смета дека до решение ќе се дојде полесно бидејќи станува збор за внатрешно прашање.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
