Loading Video...
Свет
23. September 2026 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Доналд Трамп најави нов круг разговори помегу САД и Иран, откако вчера претставници на двете земји оддржаа индиректни разговори преку катарски посредници на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Американскиот претседател средбата ја оцени како многу добра и продкутивна, а само неколку часа претходно, во својот говор пред Генералното собрание на ОН, тој се закани со целосно „уништување“ и „бришење“ на Исламската Република доколку не се постигне мировен договор.

-Тоа беше средба што траеше три часа. Имаа многу добар состанок, многу продуктивен состанок. И имаат закажано уште еден во многу блиска иднина, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Од американска страна на средбата учестуваа специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер додека од иранска страна учестуваше министерот за надворешни работи Абас Арагчи. Централна точка на разговорите беше условот за повторно отворање на стратешкиот Ормуски теснец за комерцијален сообраќај.

Иранската страна испорача три клучни барања до САД за ова да се случи во рок од една недела, Укинување на американската поморска блокада врз иранските пристаништа, Одмрзнување на блокираните ирански финансиски средства во странство и преки на воените дејствија не само на иранска теритрија, туку и на позициите на неговите сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен.

Кинескиот претседател Си Џинпинг од денеска е во тридневна државна посета на САД, каде што е домакин американскиот претседател Доналд Трамп. Главната средба помегу двајцата лидери е превидена за утре во Белата куќа а ќе разговараат за царините и трговксиот спор помегу двете земји, но и за безбедносни прашања поврзани со вештачкаат интелигенција и глобалните конфликти како што војните во Украина и Иран.

Тоа ќе биде прва посета на Си на Белата куќа по повеќе од една деценија. Трамп го покани Си во Белата кука за време на неговата посета на Пекин во срединаат на мај.