Преглед на вестите од светот
На покана на американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг е во државна посета на Соединетите Американски Држави од среда до петок. За време на посетата, двајцата лидери ќе имаат длабинска размена на мислења за односите меѓу Кина и САД и главните прашања поврзани со светскиот мир и развој.
Посетата доаѓа откако Си го угости Трамп во Пекинг во мај. Размената на посети меѓу лидерите на двете земји во рок од половина година е од историско и пресвртно значење.
Ова е втора државна посета на Си на САД по неговата прва во 2015 година.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека позициите и условите на земјата за „оживување на дипломатијата“ им биле јасно пренесени на САД преку посредништво на Катар.
Во објава на платформата на социјалните медиуми X, Багаи напиша дека се одржала нова рунда „размена на пораки и разјаснување“ меѓу Иран и САД на маргините на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во вторник.
Иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Арагчи се сретнал претходно во текот на денот со американскиот претседателски претставник Стив Виткоф и им ги пренел на САД „одлучните позиции“ на земјата за повторно отворање на Ормутскиот теснец. Доколку САД не ги исполнат условите на Иран, нема да има разговори меѓу Техеран и Вашингтон и дека Ормутскиот теснец нема да биде отворен.
На 18 јуни, САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање (MoU) за прекин на војната во регионот на сите фронтови, вклучително и Либан. Но, по 60 дена конечен договор не беше постигнат туку имаше нови ескалации. Ставот на Иран го говорницата на Генералното собрание го потврди претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан.
Зборувајќи на Генералното собрание на Обединетите нации, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на чекори за деескалација на војната со Русија пред зимата.
„Украинците разбираат дека оваа зима може да биде многу сурова за нас, но, како одговор, нема да имаме друг избор освен да ја направиме болна и за Русија. И токму затоа велиме дека чекорите за деескалација се важни, потребни се, пред зимата - сега.“
„Ни треба дипломатија и ни треба сила. И чекор по чекор, ги затвораме празнините во обете области. Вчера се сретнавме со претседателот на Соединетите Американски Држави (Доналд Трамп) и токму за ова разговаравме. За жал, немавме можност директно да разговараме со лидерот на Кина (Си Џинпинг) - кој денес е во Америка.“
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
