Македонија
1. October 2026 - 12:23
Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
Завршен е проектот за осветлување, оградување на просторот околу депонијата Буково и строго забранет е пристапот на неовластени лица .Оваа година на депонијата се депонирани над 8 000 м3 земја, како дел од вонредните и континуирани мерки за справување со честите пожари, прикривање на жариштата и стабилизирање на теренот.
Паралелно градоначалникот Пецаков вели дека продолжуваат подготвките за затворање на депонијата , кои треба да започнат откако ќе профункционира регионалната депонија во Новаци.
По отворањето на регионалната депонија за Југозападниот и Пелагонискиот регион во Новаци општина Охрид заедно со фирми од Словенија го започнува проектот за затворање на Буково која претставува горлив еколошки проблем за Охрид и околината.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
