Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
Климатските промени и војната на Бликсиот Исток ќе ги виванат цените на храната и во следните две години. Отежнатото снабдување и недостигот на вештачки губрива, предизвикан од геополитичките тензии, заедно со екстремните суши и полави, ќе влијаат врз земјоделието.
Според анализата на меѓународната истражувачка компанија Зеро карбон аналитикс, супер Ел Нињо оваа и следната година ќе предизвика најмалку 49 милиони луѓе во светот да доживеат акутна несигурност во однос на храната до крајот на 2027 та, особено во Централна Америка и Јужна Африка.
Се очекува за 100% да се зголемат цените на основните производи, како што се оризот и кафето, а глобалните цени на храната да пораснат за скоро 16%. Тоа ќе влијае врз буџетот на домаќинстава, а најпогодени ќе бидат неразвиените и земјите во развој.
Храната поскапува и кај нас. За една година најголем скок на цените, над 7 отсто има кај месото, мастите и маслата. За скоро 4,5% поскапо се продават млекото, млечните производи и јајцата.
Според анализата, изминатитв две години, екстремните суши и поплави значително ги поскапеа основните производи. За речиси 60% се зголеми цената на компирот поради сушата во Мексико во 2025, ланската во Србија за над 50% ги поскапе малините, дождовите и бурата во Шпанија и Калифорнија ја золемија цената на доматите за скоро 40 отсто.
Се проценува дека зголемувањето на глобалните просечни темпартури за 3 степени може тројно да ја згоелмат цената на пченицата. Силните бури пак можат да ги поскапат овошјето и зеленчукот за 26%.
Затоа се предлага целосно воведување декарбонијзација, како и структурна адаптација кон временските услови.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
