Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми храна - бројка која е за 17 килограми повисока од просекот во Европската Унија.
Според податоците на УНЕП, отпадот од храна е над европскиот просек и во рестораните и малопродажбата. Додека над 650 милиони луѓе во светот гладуваат, голем дел од купената храна се фрла.
Од Организацијата – Банка за храна во земјава велат дека никој не може да измери колку точно килограми едно домаќинство фрла. Но според нивните пресметки, секој ден семејствата кои можат да си дозволат - фрлаат храна вредна едно евро.
Од 500 илајди семејства кои живеат во Македонија, 100 илјади можат да си дозволат храна без никаков проблем. Од нив, секој ден се фрла храна во вредност од едно евро, тоа се 365 евра годишно. Ако се помножи со 100 илајди семејства тоа се окоолу 36 милиони евра.
Ова покажува дека ние сме едно неодговорно општество. Иако не сме први во Европка, сме меѓу порвите по фрлање храна, изјави Душко Христов, организација Банка за храна.
- Се фрла затоа што се купува премногу или лошо се планираат оброците. Секој ден, над 1 милијарда оброци во светот остануваат неизедени. Во отпад завршува речеси се. Најмногу се фрла леб и бели печива, на второ место се овошјето и зеленчукот, па сувомеснатите производи и млекото и млечни прозиводи, додава Христов.
Речиси 7 години од Банката за храна имаат поднесено предлог законско решение, каде ќе може непродадената храна или да се продава поевтино или да се донира. Се проценува дека со вишокот кај нас ќе може да се обезбедат оброци за 25,000 граѓани.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
