Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
Македонија ги доби класичните бирократски пораки со позната умерена реторика од Брисел, но обврските остануваат истите, вака познавачите ги оценуваат изјавите на шефицата на ЕК Фон дер Лајен по средбите со државниот врв во Скопје.
Ако сите пораки се стават на кантар Фон дер Лајен не донесе добри вести за Македонија, само позитивен тон и шифрирани пораки, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
Советот на Фон дер Лајен македонската влада да иницира билатерална средба со Бугарија нема да донесе никакви поместувања, анализира и политичкиот аналитичар Благојче Атансовски.
Не очекува булдожер дипломатија од Брисел на релација Скопје – Софија, кога во Бугарија не отстапуваат од ставот дека Македонија треба да ги спроведе уставните измени.
Ниту Арсовски не очекува исчекор од средба со бугарските челници.
Веста за пораките на Фон дер Лајен ги пренесоа сите медиуми во Бугарија, но засега нема официјален став од официјална Софија.
Дали ќе биде прифатена средба меѓу двете страни и во кој формат засега е неизвесно.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
