Македонија
3. October 2026 - 16:25
Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
Расте бројот на бездомни кучиња во Охрид. И покрај ангажирањето на ветеринарни служби на годишно ниво задолжени за заловување и хуман третман сепак овој проблем бара регионално решение за трајно згрижување .Активистите вината ја гледаат во неодговорните сопственици, оставањето нови легла на улица, но и носењето кучиња од други градови.
Проблемот со бездомните кучиња повторно е ставен во фокусот на новиот состав на Советот на градоначалници од Југозападниот плански регион. Најавите се дека на почетокот на следната година ќе се преземат конкретни чекори.
Активистите пак бараат долгорочно решени на проблемот, изградба на стационар, поголема контрола и спроведување на законот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
