Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
Паметниот систем за 30% го намали бројот на загинати моторџии во првите девет месеци од годинава. Но од друга страна, за 12 до 15% зголемен е бројот на повреди и тешки повреди од несреќи со мотор.
Но дали моторџиите возат несовесно или возачите на патнички возила се невнимателни во сообраќајот?
- Не секој пат моторџиите се виновни во сообраќајните незгоди. Не обвинувам никого, но некој пат од невнимание со нагли покрети со возилата, без да се прегледа лево и десно, се предизвикуваат сообраќајни незгоди помеѓу патнички возила и моторцикл. Така што, според статистиките кои ги имаме, 75% од сообраќајните незгоди се предизвикани од патнички моторни возила према моторцикл, вели Дејан Саздовски од Мото Илиден.
Дејан Саздовски од Мото Илинден, компанија која одлучи преку Урбан драјв фестивал да укаже на важноста на почитувањето на правилата за поголема безбедност на самите моторџии, вели дека најважно најдобар пријател на моторциклистите е кацигата.
- Кацигата, јас би кажал само како искусен моторџија, 35 години сум на мотор, еднаш затребува. Пред да застане на мотор, да ја стави кацигата, да ја осигура, добро да ја стегне, бидејќи имаме доста повреди и од нестегната кацига, вели Саздовски.
28-годишниот Христијан Бузалковски е професионален моторцисклист. Минатата сезона беше вицешампион на ФИМ европскиот шампионат во класа 1000. Вели, улицата не е за „лудување“. За докажување на своите способности постојат соодветни места.
- Нека го прават тоа на тркачка патека. На улиците низ градот да ги почитуваат правилата и прописите. Да возат спрема брзината којашто е одредена на таа делница од патот кадешто поминуваат. И да носат заштитна опрема, вели Бузалковски.
„Безбеден град“ доби надградба во насока на заштита на моторицклистите од самите себе, но и на другите учесници во сообрќаајот, па сега ги лови оние кои возат побрзо од дозволеното, и кои преминуваат на црвено. Министерот за внатрешни најавува уште една надградба на системот.
- Тоа е имплементирање на Вештачка интелигенција во паметниот систем на проектот којшто веќе го имаме имплементирано „Безбеден град“ кој којашто исклучиво ќе ги лови оние кои управуваат моторцикли без кацига. Така што, за кратко време отсега ќе имаме и една таква алатка којашто и тек како сметам дека ќе даде на додадена вредност и ќе ја подобри статистиката во иднина кога говориме за тешки телесни повреди, повреди или не дај Боже загинати лица, вели Тошковски.
За девет месеци, полицијата одзела 403 мотори од несовесни моторџии. Изречени се и 8.800 казни за непочитување на правилата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
