Македонија
7. October 2026 - 16:38

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос

Премиерот е охрабрен од планот за постепена интеграција и квалификувано мнозинство во текот на преговорите кој вчера еврокомесарката Кос го претстави во Стразбур. Според него Европската Унија веќе гледа дека правото на вето се злоупотребува

Изјавата на Мицкоски доаѓа во пресрет на средбата меѓу Муцунски и Петрова која е закажана за утре попладне во Софија. По вчерашниот песимизам, Премиерот денеска резервиран.

Опозицијата вели дека нема никакви очекувања од оваа средба

Средбата Муцунски – Петрова доаѓа по совет на Претседателката на Европската Комисија во атмосфера кога од неа не се очекува многу ниту во македонското ниту во бугарското општество.