Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
Стопирањето на имунизацијата со БСЖ вакцината предизвика загриженост кај родители чии новороденчиња биле имунизирани овој период. Дали треба да стравуваат? Кои реакции се очекувани, на што да внимаваат и кога да побараат лекарска помош се најчестите прашања на кои деновиве одат по одговори во вакциналните пунктови. Лекарите ги смируваат но воедно и алармираат дека по информациите од Хрватска за сомнежи за воспаление на коските како можна ретка реакција, неделава е намален и опфатот со останатите задолжителни вакцини.
- Во однос на целата оваа ситуација со БСЖ вакцината, забележително е во пунктовите зголемен број на родители кои се вознемирени, загрижени, особено оние чии деца ја примиле вакцината од бугарскиот производител. Паниката, вознемиреноста кај родителите од оваа вакцина ни направи д аима и намален број одсобено оваа недела на вакцинирани деца со останатите вакцини од календарот, изјави д-р Каролина Ристова Стефановска, раководител на превентива во Здравствен дом Скопје.
Откако пред три дена и здравствените власти во земјата ја стопираа имунизацијата со БСЖ вакцината од бугарскиот производител, најавија дека ќе обезбедат дополнителни количини од производител од Јапонија, но не е прецизирано кога ќе бидат достапни.
- Од Кимисијата за имунизација информираат дека БСЖ вакцините против туберкулоза од бугарскиот производител „Бул Био“ времено се ставени во карантинско чување, додека не завршат испитувањата за можната поврзаност со несакани реакции во Хрватска.
Тимовите од МЗ и од УНИЦЕФ ги разгледуваат можностите за што побрзо обезбедување на новата БСЖ вакцина, велат од Министерството за здравство.
БСЖ – вакцината се дава по раѓањето и штити од најтешките форми на туберкулоза, вклучувајќи го туберкулозниот менингитис и дисеминираната туберкулоза.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
