Македонија
9. October 2026 - 16:29

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда

Со партиското соопштение во кое беше наречена, „тажен симбол на неправдата со бонуси и службена картичка“, поранешната обвинителка, Ленче Ристоска, смета дека ВМРО-ДПМНЕ се обидела да го наруши нејзиниот личен и професионален интегритет.. На денешното судење во кое ја тужи партијата за клевета и навреда, таа ги отфрли наводите изнесени во партиското соопштение – никогаш не користела службена картичка, а бонусите од СЈО биле законски одобрени..

За одбраната на ВМРО-ДПМНЕ, исказот на Ристоска бил надвор од наводите на тужбата и како што рекоа, преминал во политика.. Соопштението поради кое ги тужи поранешната обвинителка, не било лична навреда, туку одраз на слободата на говор и прашање од јавен интерес..

На рочиштето за распит во граѓанскиот суд, не дојде премиерот Мицкоски кој е законски застапник на партијата, но, неговото присуство и не е задолжително.. Адвокатката рече дека тој имал службени обврски,  додека Ристоска оцени дека тоа било непочитување на судот..

Со тужбата за клевета и навреда, Ристоска бара отштета од пет илајди евра.. 

Претходно, таа се пожали и во Советот на јавни обвинители, кој заклучи дека немало партиски притисоци врз Ристоска..