Преглед на вестите од светот
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека по разговор со Владимир Путин е договорено Русија веднаш да испорача повеќе од 300.000 тони дизел за американскиот и светскиот пазар, а Вашингтон привремено ги олесни санкциите за рускиот извоз на гориво.
Зеленски оцени дека купувањето руски енергенси значи финансирање на војната.
Според анализата на Би-Би-Си, ветените 2,25 милиони барели дизел се помалку од еднодневната американска потрошувачка, па договорот тешко дека може трајно да ги намали цените.
Силен земјотрес со магнитуда од 7,7 степени ја погоди јужна Панама, при што беа оштетени и урнати повеќе објекти, но засега нема информации за загинати или повредени.
Епицентарот бил во ретко населено подрачје на околу 200 километри од Панама Сити.
И покрај десетиците последователни потреси, Панамскиот канал продолжил со нормална работа, а меѓународниот аеродром ги обновил летовите по краткиот прекин.
Бранденбуршка порта и уште околу 40 објекти беа осветлени во рамки на годинешниот Фестивал на светлината, кој вчера почна во Берлин.
И покрај дождливото време, голем број посетители прошетаа низ центарот на германската престолнина за да ги видат светлосните инсталации.
Годинешното издание се одржува под мотото „Боите на љубовта“ и ќе трае до 18 октомври.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
