ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
Над 19% од граѓаните на следните избори би му дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, додека околу 5,5% би гласале за СДСМ.
Последната анкета која за МКД.мк ја спроведе Маркет Вижн покажува дека владејачката партија има три и пол пати поголема предност од опозицијата.
Во албанскиот политички блок ВРЕДИ и ДУИ се изедначени на околу 4%, а тука е и Левица, додека ЗНАМ има поддршка од само 1%. Над 26% од граѓаните рекле дека нема да гласаат.
Премиерот Христијан Мицкоски и натаму е најпопуларен политичар. Во него доверба имаат над 20% од анкетираните. Далеку назад е Филипче со нешто под 4% рејтинг, колку што има и Али Ахмети.
Во Апасиев веруваат нешто под 3,5% од граѓаните, околу 2,5 е рејтингот на Меџити а околу 1,5 на Димитриевски.
Над 44% од граѓаните не веруваат во ниту еден политичар.
Во споредба со последната анкета која Маркет Вижн ја спроведе во јуни годинава, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува практично иста.
Најголем раст има Левица која додала 1 поен на својот рејтинг и сега е само 1,5 поени зад СДСМ.
Во албанскиот политички блок промените се во корист на ВРЕДИ кои сега се со ист рејгинт со ДУИ.
Анкетата е спроведена во периодот меѓу 11 и 27 септември врз репрезентативен примерок од 1200 испитаници со маргина на грешка од 3%
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
