Македонија
10. October 2026 - 16:43

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина

Премиерот Мицкоски гледа решение за деблокада на интеграциите во разговор и дијалог со Бугарија.

За него важно е што од ќорсокак сега дијалот е почнат, но и тоа што за него знаат меѓународните партнери.

Оптимист е дека во еден момент различните ставови со Бугарија ќе се доближат до решение.

„Македонија има свое место во Европа со своја историја, идентитет и јазик. Изолацијата не е решение, а европската интеграција не е проект на една партија“, порача опозицискиот лидер Венко Филипче од Маршот во Прилеп по повод 11 октомври. 

Ставајќи го фокусот на младите и иселувањето, во обраќањето Филипче порача дека борбата за Македонија денес е борба за достоинството, за подобар живот, за правда и за европска иднина, нагласувајќи дека СДСМ нема да се откаже од вредностите врз кои е изградена македонската држава.

Македонија продолжува да бара начин да си обезбеди гаранции дека процесот на интеграција нема да донесе нова закана за идентитетските прашања, додека официјална Софија одбива уставни измени со одложено дејство и квалификувано мнозинство во носењето одлуки во европските институции.

Додека македонската влада гледа решение во дијалог, Бугарија не гледа простор за разговор за промени во договорот со Македонија.