Македонија
12. October 2026 - 12:41

Стартува Безбеден град во Охрид

Стартува Безбеден град и во Охрид.

Од денес камерите поставени на сообраќајниците на клучни позиции автоматски ќе ги санкционираат сообраќајните прекршоци.

Нема да има опомени туку ќе следуваат казни.

Од СВР Охрид очекуваат системот да придонесе за поголема сообраќајна дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Охриѓани го поддржуваат регулирањето на сообраќајот со камери и веруваат дека со него ќе се стави крај на непрописното возење, кое често резултира со човечки жртви.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Покрај Охрид, од денеска системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започна со работа и во Струга, Кичево и Дебар.