Преглед на вестите од светот
Експлозии се слушнаа во главниот град на Украина, Киев, утрово откако при руски ракетен напад врз градот. Еден ден претходно беше убиено најмалку едно лице и повредини 10, вклучувајќи студенти во студентски дом. Нападот доцна навечер во понеделникот погоди образовна институција, живеалишта, метро станица и медицински установи.
Јужниот мост и инфраструктурата на метрото на него беа оштетени во нападот изјави градоначалникот Виталиј Кличко, а градските власти соопштија дека сообраќајот таму е суспендиран.
Високи претставници од Иран, Саудиска Арабија, Пакистан и Турција се состанаа во понеделникот во Техеран и се согласија да продолжат со разговорите за зајакнување на соработката за промовирање на мирот и безбедноста во регионот.
„Учесниците се согласија да продолжат со дискусиите насочени кон зајакнување на соработката меѓу четирите регионални земји, вклучително и во областа на мирот и безбедноста во регионот“, се вели во соопштението.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повтори дека Иран не се стреми да развива нуклеарно оружје и сака да продолжи со своите нуклеарни активности во рамките на своите меѓународни права и обврски.
Саудиска Арабија, Пакистан и Турција на 7 август го потпишаа Договорот за заедничка одбрана во Мека, според кој нападот врз една членка се смета за напад врз сите.
Пентагон е подготвен да започне нови и потенцијално големи воени операции против Иран „во рок од 96 часа од приемот“ на наредба од американскиот претседател Доналд Трамп, објави CNN во понеделник. Според извештајот, на Блискиот Исток сега се распоредени „доволни“ сили за да ги извршат потенцијалните напади. „Њујорк тајмс“ минатата недела објави дека САД и Израел развиле конкретни планови за обновени напади врз Иран, со цели кои веројатно ќе вклучуваат енергетска инфраструктура на Иран, нуклеарни постројки и арсенал на ракети и беспилотни летала.
Во него се забележува дека е далеку од сигурно дека Трамп ќе одобри нови напади, бидејќи тој постојано ги откажува плановите за враќање на големите борби оваа година.
Англискиот репрезентативец и фудбалер на минхенски Баерн Хари Кејн ја доби највисоката индивидуална награда во фудбалот „Златната топка“. Тој е првиот Англичанец по Мајкл Овен, кој во 2001 година ја добива оваа награда. Кејн годинава постигна 61 гол за Баерн на 51 натпревар во сите натпреварувања, а ги освои титулата и купот во Германија. Притоа ја предводеше и Англија на Светското првенство, каде беше стрелец на шест гола. Конкуренцијата беше голема, а втор завшри Килијан Мбапе, потоа следуваа Јамин Ламин, Родри и Лионел Меси.
Во женска конкуренција Алексија Путелас, ја освои „Златната топка“ по трет пат. Таа ја доби наградата откако ја освои тројната круна со Барселона во сезоната 2025/26, покрај Шпанскиот Суперкуп.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
