Студентите денеска на средба со премиерот и министерката за образование
Денеска студентските претставници ќе се сретнат со премиерот и министерката за образование и наука, со цел да ги презентираат актуелните проблеми со кои се соочуваат.
Во фокусот на средбата се очекува да биде барањето за зголемување на субвенционираниот студентски оброк.
Средбата се одржува по обвинувањата од дел од студентските собранија дека износот на студентскиот оброк не е зголемен три години и дека надлежните не ги почитуваат законските одредби. Студентите посочуваат дека сегашниот износ не е усогласен со стапката на инфлација.
Согласно законските измени од 2023 година, субвенционираниот студентски оброк беше зголемен од 120 на 140 денари, со предвидена годишна корекција согласно инфлацијата. Сепак, според студентските претставници, оттогаш износот не е зголемен ниту за еден денар.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска ги демантираше ваквите обвинувања.
