Македонија
28. October 2026 - 16:47

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот

Македонија има највисока стапка на економски раст во регионот, тврди премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи се на извештаи на Европската Комисија, ММФ и Светската банка. Според него, земјава има 25% пониска стапка на инфлација од европскиот просек што е доказ за како што рече, проекономската политика која ја води Владата.

Уште еднаш потсети дека претходната власт, земјава ја оставила во големи долгови кои мора да се враќаат во наредните години.